Трамп „лудуваше“ на Твитер па му стигна одговор: Кловну, замолчи и направи нешто

НБА кошаркарот Џеј Ар Смит јавно го критикуваше претседателот на САД, Доналд Трамп.

Трамп вообичаено, преку својот Твитер профил ги критикуваше медиумите во САД и нивниот начин на известување за време на пандемијата на коронавирусот.

Бројот за заболени од ковид-19 во САД ја премина бројката од 100.000 лица, со што станаа земја со највеќе заразени во светот, поминувајќи ги Кина и Италија по бројот на заразени.

Трамп добива се повеќе критики од медиумите за пристапот на американските власти во борбата со ширењето на заразата на коронавирусот.

На Претседателот на САД му засмета тоа што во јавноста се појави информација дека го контактирал поранешниот бејзбол играч, Алекс Родригез, за помош околу сузбивањето на коронавирусот.


„Тие цитираат неименувани извори кои не постојат. Тоа се многу и корумпирани луѓе кои ќе направат се за да победат“, напиша Трамп на Твитер.

Одговорот дојде до Џеј Ар Смит кој со Кливленд кавалирс успеа да ја освои титулата во НБА лигата.
„Човеку, замолчи! И направи нешто. Заебан кловну“, му одговори Смит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот