Трамп лекувањето со крвна плазма го нарече историска пресвртница во борбата против коронавирусот

epa08621122 US President Donald J. Trump speaks during a news conference in the James S. Brady Press Briefing Room at the White House in Washington, DC, USA, on 23 August 2020. Trump announced that a new treatment for COVID-19, which uses blood plasma donated by people who have recovered from the disease, has been issued an emergency use authorization from the FDA. EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Трамп на Твитер дури тврдеше дека официјалните претставници на ФДА „очигледно се обидуваат да го одложат наоѓањето одговор на вирусот до после изборите, на 3 ноември”.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ФДА итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со коронавирус.

На вонредна прес-конференција, Трамп ова го нарече „историска пресвртница во борбата против коронавирусот”.

-Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен, рече Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.

Третманот вклучува пренесување на антитела од оздравен пациент врз пациент заразен со Ковид-19.

Белата куќа претодно соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе објави „голем пробив во третманот на коронавирусот”, пандемија од која во САД веќе умреа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица – повеќе од било која друга земја во светот, наведува „Гласот на Америка”.

Ден претходно Трамп, без никакви докази, ја обвини „длабоката држава”, односно „луѓето во сенка” во американската Агенција  за храна и лекови дека „им отежнуваат на фармацевтските компании да најдат луѓе за тестирање на вакцините и третманите”. Трамп на Твитер дури тврдеше дека официјалните претставници на ФДА „очигледно се обидуваат да го одложат наоѓањето одговор на вирусот до после изборите, на 3 ноември”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот