Трамп: Кина многу се труди да ја сузбие епидемијата на коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е убеден оти Кина „многу се труди” да ја сузбие епидемијата на коронавирусот.

Според последните податоци, бројот на заболени во провинцијата Хубеи се намалува, иако досега од Ковид-19 починаа 2.126 лица, а заразени се 75.600.

Убеден сум дека многу се трудат. Мислам дека со тек на време бројките ќе бидат подобри, изјави Трамп во интервју за телевизијата Фокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот