Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Лондон – Слободен печат
ВестиПланета

Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Лондон

Претседателот ќе биде придружен од првата дама, Меланија Трамп. Двајцата ќе присуствуваат на приемот на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата по повод Самитот.

Претседателот на САД Доналд Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Лондон од 2 до 4 декември, каде има предвидено средби со шефовите на држави и влади на земјите членки на Алијансата, јавија денеска од Белата куќа.

Претседателот ќе биде придружен од првата дама, Меланија Трамп. Двајцата ќе присуствуваат на приемот на нејзиното величество, кралицата Елизабета Втора во Бакингамската палата по повод Самитот.

„Седум децении по своето формирање, НАТО останува најуспешната алијанса во историјата гарантирајќи безбедност, прогрес и слобода за своите членови”, се вели во соопштението.

Трамп има закажано средби со шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО на кои ќе се разгледува „огромниот прогрес на Алијансата во распределба на трошоците, вклучувајќи повеќе од 100 милиони американски долари потрошени за одбрана од 2016 година”.

-Претседателот ќе ја истакне потребата од тоа НАТО да биде подготвена за сите идни закани, вклучително и оние кои доаѓаат од кибер просторот, кои ја оштетуваат нашата инфраструктура и телекомуникациски мрежи, како и заканите од тероризмот”, јавија од Стејт департментот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close