Трамп: Ќе направиме „многу лоши работи”, доколку не паднат бариерите од ЕУ

Фото: EPA-EFE/Ron Sachs

Работата со Европа беше во многу односи полоша и потешка од работењето со Кина, нагласи Трамп.

САД ќе направат „многу лоши работи” на Европската унија, ако поставените огромни бариери од Унијата за американскиот бизнис, не бидат намалени. Тоа го соопшти претседателот на САД, Доналд Трамп.

Шефот на американската држава исто така тврди дека на администрацијата и е на многу начини потешко да „работи” со Европа отколку да соработува со Кина.

– Како што знаете Европа ни поставува огромни бариери за да правиме бизнис. Тие бариери ќе паднат. Односно треба да паднат, бидејќи ако не паднат ќе треба да правиме работи што се многу лоши за нив. Сите имаат корист од нас. Работата со Европа беше во многу односи полоша и потешка од работењето со Кина, нагласи Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот