Трамп ќе го тргне Судан од листата на земји кои спонзорираат тероризам

Фото: EPA-EFE/MIKE THEILER / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Судан ќе го тргне од листата на земји кои спонзорираат тероризам откако ќе плати милиони долари оштета на жртвите од претходните терористички напади и на нивните семејства.

„Одлични вести! Новата влада на Судан, која има одличен напредок, се согласи да исплати 335 милиони американски долари на жртвите од тероризам и нивните семејства“, напиша тој на Твитер. „Кога ќе ги исплати парите, јас ќе го тргнам Судан од листата на земји кои спонзорираат тероризам. Конечно, ПРАВДА за американскиот народ и ГОЛЕМ чекор за Судан!“.

Објавата е голем исчекор во односите меѓу двете земји кои постојано се подобруваат откако во 2019 од власт е симнат поранешниот долгогодишен лидер Омар ал-Башир.

(Извор: Anadolu Agency)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот