Трамп ќе го објави долгоочекуваниот мировниот план за Блискиот Исток 

Во изјава за новинарите во претседателскиот авион на пат кон политички настан во Мајами, Трамп рече дека Палестинците можеби првично ќе реагираат негативно на неговиот план, но оти ќе имаат корист од него.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека долгоочекуваниот блискоисточен мировен план ќе го објави пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон следната недела.

Во изјава за новинарите во претседателскиот авион на пат кон политички настан во Мајами, Трамп рече дека Палестинците можеби првично ќе реагираат негативно на неговиот план, но оти ќе имаат корист од него.

– Тоа е одличен план. Тоа е план кој навистина ќе функционира, рече Трамп, кој во вторник ќе се сретне со Нетанјаху во Белата куќа.

Претходно во Ерусалим, потпретседателот на САД Мајк Пенс објави дека Нетанјаху и неговиот главен политички ривал Бени Ганц, наскоро ќе го посетат Вашингтон за да разговараат за „мировните можности” со Палестинците.

Прочитајте и...  Д-р Лазаров ги критикува колегите кои одат секоја вечер по кафани и се сликаат без маски

Пенс ова го изјави по состанокот со Нетанјаху, кој покрена шпекулации дека Белата куќа конечно се подготвува, по извесно одложување, да го открие долгоочекуваниот мировен план за Блискиот исток.

Тој рече дека претседателот Доналд Трамп му рекол да го покани Нетанјаху да дојде во Белата куќа следната недела за да разговараат за „регионални прашања и мировни перспективи во Светата земја”.

Нетанјаху побара и Ганц да биде поканет, рече Пенс, додавајќи дека двајцата се согласиле да дојдат.
Нетанјаху изјави дека со задоволство ја прифатил поканата.

– Немаме подобар пријател од претседателот Трамп. Со овој повик, верувам дека претседателот сака да му понуди на Израел мир и безбедност што ги заслужува, рече израелскиот премиер.

Прочитајте и...  ОЈО Скопје „пресече“: Нема основа за постапка во случајот „Теретана"

Прочитај повеќе

Две брачни двојки пријавиле 1.200 лажни бремености, од француските власти извлекле близу два милиони евра

Слободен печат

Џонсон: Доаѓа втор бран, се плашам дека е неизбежен

Османи: Нема да дозволам сопки и емоции да влијаат на патот кон ЕУ, верувајте во тоа

Слободен печат

Европската агенција за лекови го одобри дексаметазонот за лекување на коронавирусот

Николовски: Во борбата против корупцијата никој не смее да биде заштитен

Маријана Митровска

Нови рестрикции во Мадрид: Ограничен пристап до паркови и јавни места, како и собири до шест лица

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Жителите на Шуто Оризари вечерва останаа без вода

Слободен печат

Детали за убиството во Загреб: Човекот кој го уби својот брат, ја убил и нивната мајка!

Децата во Канада ќе се тестираат со ново физиолошко средство за плакнење на грлото

Слободен печат

И Гостиварци излегоа на протес за цената на струјата

Силен земјотрес на Крит со јачина од 5.9 степени (ВИДЕО)

МИА Агенција

Потврдена нова странска инвестиција, ќе „вдоми“ 300 работници