Трамп: Ќе ги победиме демократите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изрази уверување дека ќе побди во борбата со конгресмените кои му почнаа процедура за пишување формално обвинение против него.

-Добрата вест е што републиканците никогаше не биле толку обединети” наведе Трамп на Твитер и додаде „Ќе победиме!”.

Процедурата за смена на Трамп е во поодмината фаза во Претставничкиот дом на Конгресот, каде мнознството го сочинуваат демократите, кои за тоа ќе можат да се изјаснат пред крајот на годината.

Потоа постапката се префрла во Сенатот на Конгресот каде, пак, мнозинството го имаат републиканците.

Ненси Пелоси, претседавач со Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, денеска побара да се почне со пишување на обвинението против американскиот претседател заради „злоупотреба на положбата”, бидејќи тој „повторно се обидува да ги компромитира изборите во своја корист”.

-Од претседателот на Одборот за правосудство, Џери Надлер, барам да го подготви текстот на обвинението против Трамп, додаде Пелоси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот