Трамп: Ќе додадеме неколку држави на листата за рестрикција на влез во САД

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнување на листата со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или имаат големи рестрикции за влез.

Трамп изјави дека неговата администрација е подготвена да додаде „неколку држави” на спорната листа со земји чии државјани имаат забрана за патување во САД или кои имаат големи рестрикции за влез во Америка.

– Ќе додадеме неколку земји на таа листа. Треба да останеме безбедни. Нашата земја треба да биде безбедна, истакна Трамп на маргините на Светскиот економски форум во Давос, нагласувајќи дека имињата на тие држави „многу брзо” ќе бидат објавени.

„Волстрит џурнал” пишува денеска дека администрацијата на Трамп е подготвена да додаде седум африкански и азиски земји на списокот, меѓу кои се наоѓа и Нигерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот