Трамп ја укори Тунберг: Премногу си млада, олабави се!

Фото: Профимедиа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска реагираше кон шведската активистка Грета Тунберг, нарекувајќи го смешно тоа што е избрана од „Тајм” за личност на годината.

„Грета ќе мора да поработи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да гледа добар стар филм со пријатели”, напиша Трамп на Твитер.

„Олабави, Грета, олабави!”, додаде тој.

Ова не е првпат Трамп да изрази незадоволство затоа што, како што наведуваат американски медиуми, неговото влијание не се признава.

Во 2015 година, Трамп ја „нападна” германската канцеларка Ангела Меркел, кога беше прогласена за личност на годината, дека „ја уништува Германија”. Таа година Трамп исто така беше еден од кандидатите за личност на годината.

И бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја критикуваше шведската тинејџерка, нарекувајќи ја „дерле” (португалски – piralha).

Американски „Тајм” ја прогласи Грета Тунберг за личност на годината заради нејзината посветеност во борбата против климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот