Трамп ја укинува зелената карта: Нови детали од американскиот план за суспендирање на имиграција

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе потпише извршна наредба за „привремено запирање на имиграции во САД“ заради коронавирусот.

„При нападот на невидливиот непријател, како и потребите да се заштитат работните места на нашите американски граѓани, ќе потпишам извршна наредба за привремено запирање на имиграции во САД“, наведе Трамп на Твитер.

Тој, меѓутоа, не образложи како тоа ќе влијае на програмите на имиграција, а Белата куќа се уште не објави никакви детали. Од друга страна, неименуван функционер, за кој АП вели дека е запознаен со плановите, рекол дека наредбата ќе биде насочена кон спречување на добивање на дозвола за живеење и работа во САД.

Тоа ги вклучува лицата кои бараат работа во САД на основа на зелена карта и роднини на сопственици на зелена карта, кои не се државјани на САД.

Американците кои сакаат најблиските членови на фамилијата да ги донесат во САД ќе можат да го направат тоа, наведува неименуваниот функционер. Околу милион луѓе добиле зелена карта минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот