Трамп ја тужи Калифорнија

Фото: EPA / Mike Theiler

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против американската држава Калифорнија за донесување нов закон со кој се бара од кандидатите за претседател да објават информации за данок на приходи.

Во тужбата од адвокатите на Трамп поднесена во Сакраменто се нагласува дека новиот статут, кој беше додаден на законот минатата недела, е неуставен затоа што прави нови незаконски правила за тоа кој може да се кандидира за претседателски избори.

Во тужбата се вели дека новиот закон е „политички напад” врз Трамп. Републиканската партија поднесе слична тужба против државата Калифорнија.

Новиот закон предвидува претседателските кандидати да ги објават своите информации за данок на приходи во последните пет години за да можат да се кандидираат во Калифорнија, најнаселената држава во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот