Трамп ја предупреди Москва да не се меша во изборите во САД

Фото: ЕПА

Во текот на средбта со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Москва да не се обидува да се меша во изборите во САД и ја повика да се реши судирот со Украина, соопшти Белата куќа.

Со Лавров разговараше и американскиот државен секретар Мајк Помпео кој порача дека е „неприфатливо” било кое странско мешање во американските избори и на Русија и другите земји им порача дека администрацијата на Трамп ќе го заштити интегритетот на гласањето, пренесе Гласот на Америка.

На прес конференцијата со својот руски колега, со кого во Стејт департментот разговараше за контролата во вооружувањето , Украина, Сирија и Венецуела, Помпео нагласи дека администрацијата на Трамп ќе го спречи мешањето во изборите.

-Јасно кажав дека тоа е неприфатливо и на Русија јасно и ги изнесов нашите очекувања. Администрацијата на Трамп секогаш ќе работи на заштитата на интегритетот на изборите, нагласи Помпео.

Непосредно пред средбата со Трамп во Белата куќа Лавров повторно ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските претседателски избори во 2016 година.

Тој кажа дека Русија сакала да се објават детали од комуникацијата со Вашингтон која, како што наведе, ќе ја ослободела Русија од обвинувањето дека се меша во изборите, но дека САД тоа го блокирале.

Во соопштението на Белата куќа од средбата меѓу Трамп и Лавров се наведува и дека американскиот лидер ја нагласил својата поддршка за ефикансата глобална контрола во вооружувањето која не ја вклучува само Русија, туку и Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот