ТРАМП ЈА ПОЗДРАВИ ОСТАВКАТА НА МОРАЛЕС: Јасен сигнал за Венецуела и Никарагва

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го поздрави потегот на претседателот на Боливија, Ево Моралес, кој по повикот од војската одлучи да си поднесе оставка.

Трамп истакна дека на тој начин Моралес ја сочувал демократијата во таа земја и воедно испратил јасен сигнал за „нелигитимните режими“ во Венецуела и Никарагва, пренесува АФП.

– Оставката на боливискиот претседател е значаен момент за демократијата на западната хемисфера. Овие настани даваат јасен сигнал за нелигитимните режими во Венецуела и Никарагва и за тоа дека демократијата и волјата на народот на крај ќе преовладат – изјавил Трамп.

Фото: EPA-EFE/STR

Моралес, под притисок на војската и повеќенеделните протести во оваа земја, вчера си поднесе оставка, по речиси 14 години минати на власт.

Тој си ја поднесе оставката како резултат на зголемениот притисок на војската и јавноста, по неговиот реизбор на 20 октомври и протестите кои потоа следуваа поради наводни изборни нерегуларности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот