Трамп ја потврди смртта на ОМИЛЕНИОТ СИН на Осама бин Ладен

кабул
Илустрација

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека Хамза бин Ладен, кој важеше за омилен син на Осама бин Ладен, е убиен во антитерористичка акција која САД ја спроведе на подрачјето на Авганистан и Пакистан.

Веста за смртта на Хамза првпат беше објавена на 31 јули, но оттогаш немаше официјална потврда за тоа. Тој бил претставуван како наследник на Осама на чело на Ал Каеда, која пак е одговорна за терористичките напади во САД на 9 септември 2001.

Хамза се наоѓал на црната листа на обвинети за тероризам. Неговиот татко Осама е убиен во 2011, во операција на специјалните сили на САД на територија на Пакистан.

На чело на Ал Каеда оттогаш застана Ајман ал Завахири, но уште во тоа време се верувало дека еден ден Хамза бин Ладен ќе ја предводи организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот