Трамп: Израел и Судан ги нормализираат односите

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека Судан е трета арапска земја што постигна договор за нормализирање на дипломатските односи со Израел.

-Претседателот Трамп објави дека Судан и Израел се согласија за нормализирање на односите, што е уште еден огромен чекор кон градење мир на Блискиот исток, откако уште една држава се приклучи на договорот Абрахам- напиша портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир на Твитер.

Објавата следеше откако Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го известил американскиот Конгрес дека ќе го отстрани Судан од списокот земји кои го спонзорираат тероризмот.


Судан е трета арапска земја што ги нормализира односите со Израел, по Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои на 15 септември потпишаа договор со таа земја во Вашингтон. 

Прочитајте и...  „Спасете ги децата": Досега во Авганистан се убиени или осакатени 26.000 деца

Поврзани вести

САД воведoa санкции против три руски компании

И.И.

Во Велика Британија 608 починати од Ковид-19, најмногу од мај

И.И.

Нови 2.135 случаи на коронавирус во Грција, 101 лице почина

Слободен печат

ВИДЕО: Кина и Јапонија работат на јакнење на економските врски

И.И.

ИНФОГРАФИК | Сите анти-ковид вакцини што се влезени во „финале“ на едно место: Од што се направени, колку ќе чинат и нивната ефикасност

Слободен печат

Нови 608 смртни случаи од ковид-19 во Велика Британија, најмногу од мај

Слободен печат

Остави Коментар