Трамп изјави дека не ѝ купил ништо на Меланија за Божиќ

Instagram

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека се уште нема купено божиќен подарок за својата сопруга Меланија.

Тој го изјавил ова за време на видео конференција на Бадниковата вечер со американските војници кои работат надвор од државата, одговарајќи на прашањето што и купил на Првата дама, пренесува BBC.

„Тоа е тешко прашање. За сега најубавата честитка, имам многу работа. Многу љубов и љубов спрема семејството. Се сакаме и имаме прекрасен однос каков се надевам дека и вие имате со вашите сопруги. Вака ќе ви одговорам, се уште работам на божиќниот поклон. Остана уште малку време“, рекол Трамп.

Трамп и Меланија за Бадниковата вечер присуствувале на миса во баптистичката црква, а потоа празникот го прославиле со вечера во дворот од неговиот приватен клуб на Флорида.

За помалку од недела дена бил повикан во Претставничкиот дом, Трамп не одговорил на прашањето од страна на новинарите дали во црквата се молел за претседувачкиот Дом Ненси Пелози, но им рекол: Ќе имаме сјајна година, пренесува AP.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот