Трамп: Изјавата на Макрон за НАТО е многу навредлива и опасна

Фото: EPA / Ian Langsdon

НАТО служи на голема цел, изјави американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Лондон пред почетокот на Самитот на Северноатлантската алијанса.

Трамп истакна оти е „многу навредлива” неодамнешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО е во состојба на мозочна смрт”.

– Мислам дека тоа е многу навредливо… Многу непријатна изјава за 29 земји-членки – посочи Трамп.

Тој додаде дека никој нема поголема потреба од НАТО од Франција.

– Затоа тоа е многу опасна изјава – наведе Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот