Трамп издаде наредби за забрана на трансакции со кинеските сопственици на „TikTok” и на „WeChat”

Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои се забрануваат сите трансакции на американски лица со кинеските компании „ByteDance” и „Tensent”, сопственици на апликациите „TikTok” односно „WeChat”.

Забраните влегуваат во сила по 45 дена.

Во една наредба, Трамп нагласува дека апликацијата „ТiкТоk” може да се користи за кампањи за дезинформации во корист на кинеската Комунистичка партија и дека САД „треба да преземат агресивно дејствување против сопствениците на „ТikТоk” за да ја заштитат својата национална безбедност”.

Во другата, тој посочи дека „WeChat” автоматски презема огромна количина информации од своите корисници. „Тоа собирање податоци е закана дека ќе и се даде на Кинеската комунистичка партија пристап до личните и приватни информации на Американци”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот