Трамп: Испораката на вакцините против коронавирусот почнува следната недела

Фото: EPA / Molly Riley

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека испораката на вакцини против коронавирусот би требала да почне следната недела.

Трамп додаде дека здравствените работници и постарите лица ќе бидат меѓу првите кои ќе ја добијат вакцината против ковид-19, пренесува Раша тудеј.

„Ја израмнуваме кривата. Вакцините се испорачуваат – буквално ќе почнат следната недела, а ќе ги добијат здравствените работници, лекарите, медицинските сестри и старите лица“, рече Трамп за време на обраќањето кон американските војници стационирани во странство за Денот на благодарноста.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот