Трамп има сериозна конкуренција: Доби противкандидат во Републиканската партија за претседателските избори во САД

фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Поранешниот гувернер на Масачусетс Бил Велд изјави дека ќе се бори со американскиот претседател Доналд Трамп за номинацијата на Републиканската партија за претседателските избори во 2020 година.

Велд е првиот републиканец кој објави дека ќе се приклучи на претседателската трка за изборите следната година.

На овој начин, Трамп ќе стане првиот актуелен претседател на САД, покрај Џорџ Буш во 1992 година, кој ќе се соочи со сериозен предизвик на партиските избори.

При објавувањето на својата кандидатура Велд рече дека „е време за враќање кон принципите на Линколн – еднаквост, достоинство и можности за сите”.

Националниот комитет на републиканците издаде необврзувачка резолуција во јануари, со која објави поддршка од партијата за Трамп.

Велд беше либертаријански кандидат за потпретседател на изборите во 2016 година. Тој беше во дуел со претседателскиот кандидат Гери Џонсон. Двајцата стигнаа до третото место со 3,2 отсто од гласовите на народните избори.

Велд ја објави својата кандидатура на Си-Ен-Ен и рече дека со нетрпение чека да се соочи со Трамп на првичните избори. Според него, би било „политичка трагедија” ако Трамп добие уште еден мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот