Трамп им забрани на Американците крстарење на Куба

EPA-EFE/SHAWN THEW

Администрацијата на Трамп денеска воведе нови строги ограничувања за патувањата на американските државјани на Куба, со цел да ја присили комунистичката држава да престане да го поддржува венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Засилувањето на американското ембарго дополнително ќе и наштети на и онака слабата кубанска економија, но ќе влијае и на американските туристички агенции кои почнале да соработуваат со Куба во време на затоплените односи од времето на мандатот на претседателот Барак Обама.

Стејт Департмент соопшти дека се укинуваат групните едукациски патувања. САД веќе нема да дозволи за посета на Куба на патнички и рекреациски пловила, како крузери и јахти, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот