Трамп им се закани на земјите од БРИКС, ќе воведе царини од 100 отсто ако престанат да користат долари
![](https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2024/11/donald-tramp.jpg)
Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, им се закани на членовите на БРИКС дека ќе им воведе царини од 100 отсто доколку не се откажат од плановите да најдат алтернатива за доларот.
Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да го напуштат доларот додека ние стоиме на страна и гледаме е завршена. Бараме од тие земји да не создаваат своја нова валута и да не поддржуваат друга валута, која би го заменила моќниот американски долар. Во спротивно, ќе се соочат со увозен данок од 100 проценти и ќе треба да се збогуваат со идејата да и продадат што било на големата американска економија, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.
Рускиот претседател Владимир Путин на 7 ноември изјави дека е рано да се зборува за единствена валута БРИКС и посочи дека членките се уште ја немаат таа цел.
За да се зборува за заедничка валута, неопходно е да се постигне поголема меѓусебна економска интеграција и да се подигне квалитетот на економијата на одредено ниво, за да бидат компатибилни во однос на квалитетот и структурата, изјави тогаш Путин.
БРИКС е меѓународна организација формирана во 2006 година, која ја сочинуваат: Русија, Бразил, Индија, Кина, Јужна Африка, а од оваа година и Египет, Етиопија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија.