Трамп им се закани на Форд и Џенерал Моторс: Отварајте фабрики веднаш и произведувајте респиратори

ФОТО: ЕРА

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо веќе неколку дена ја повикува сојузната влада да обезбеди респиратори за да бидат подготвени за пикот на епидемијата која според него треба да биде за 3 недели.

Претседателот на САД Доналд Трамп објави денеска на Твитер порака полна со бес кон произведувачите на автомобили Форд и Џенерал моторс „веднаш“ да почнат со производство на респиратори за да одговорат на епидемијата со коронавирусот.

„Џенерал моторс треба веднаш да отвори своја фабрика во Лордстаун во Охајо, која е глупаво напуштено, или некоја друга фабрика и да почне да произведува респиратори веднаш“, напиша тој во Твитер порака полна со зборови напишани со големи букви.

„Форд фрлете се на респиратори, брзо!!!!“, додаде Трамп.

Како што пренесува Њујорк Тајмс Белата куќа се подготвувала да објави формирање на заедничка фирма на Џенерал Моторс и Вентек Лајф Системс (Ventec Life Systems) со која би се овозможило производство на 80.000 респиратори.

Објавата е откажана во последен момент, според некои, од страв дека трошоците на таа операција, проценети на над милијарда долари би можеле да бидат превисоки за сојузната влада.

Трамп исто така во Твитер порака објави дека владата всушност купила голем број респиратори и дека подоцна денеска ќе објави колку и кој вид.

Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо веќе неколку дена ја повикува сојузната влада да обезбеди респиратори за да бидат подготвени за пикот на епидемијата која според него треба да биде за 3 недели.

Бесната порака на Трамп е спротивна на неговата синоќешна изјава на Фокс Њуз кога рече дека не верува дека се потребни 40.000 или 30.000 респиратори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот