Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ

Фото: Твитер

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп им наредил на сите американски трупи во северна Сирија да се упатат кон југ, но да не ја напуштат земјата.

Во изјавата за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Еспер рече дека конфликтот меѓу турските сили и курдските борци поддржани од САД станал „неодржлив” за американските трупи.

Американскиот министер додаде дека добил директиви од Трамп да ги повлече американските трупи од северна Сирија на југ, но не му било наредено да ја напуштат сириската територија.

Еспер не го прецизираше бројот на американски војници што ќе ја напуштат северна Сирија, но додаде дека Курдите ќе се договорат со сириските сили и Русија за евентуален контранапад на турските и протурските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот