Трамп и Зеленски ќе создаваат нова Украина 2.0
Советникот на украинскиот претседател Олександр Камишин тврди дека Трамп и Зеленски наскоро ќе се договорат за создавање на Украина 2.0, подобра верзија на сегашната држава која ќе биде препознатлива кај западните сојузници во Европа и светот но и ќе биде подобро место за живеење на Украинците.
Како што вели тој во интервју за „Телеграф“, „конечно, работите си доаѓаат на свое место“.
Тој ја опишува својата работа како „пожарникар“. Секојдневно се среќава со претседателот Зеленски, кој го упатува да решава различни кризни прашања – од здравство и инфраструктура до производство на енергија и муниција. Со толку широк поглед на клучните сектори, Камишин нуди визија за Украина по примирјето: земја која би можела да стане клучен дел од Европа со луѓе кои се издржливи, технолошки напредни, вешти во развојот на дронови и одржување на железницата.
„Украина 2.0 носи лекции за одбранбената индустрија, здравството, службите за итни случаи и железничкиот систем. Тоа не е сликата по која сакавме да бидеме познати, но научивме вредни лекции. Подготвени сме да го споделиме тоа знаење со светот“, вели Камишин.
40-годишниот Камишин стана препознатливо лице за време на војната. Роден и израснат во Киев, тој ја започна својата кариера во приватниот сектор работејќи во КПМГ и како менаџер за инвестиции, пред да биде назначен за вршител на должноста директор на украинските железници во 2021 година.
По почетокот на инвазијата во 2022 година, Укрзализница го доби прекарот „железна железница“, станувајќи извор на национална гордост и клучен елемент на логистиката. На безбедно превезувала бегалци и ранети, додека во спротивна насока испраќала помош и опрема на фронтот. Во најкритичните моменти тие превезуваа по 190.000 луѓе дневно, бесплатно, со воено организирана структура.
Во февруари 2023 година, Камишин беше промовиран на позицијата министер за стратешки индустрии со клучна задача да го зголеми домашното производство на муниција. Под негово водство Украина значително го зголеми производството на оружје и разви сопствен ракетен систем со долг дострел Паљаница, кој сега е во масовно производство.
-Тоа е вистински украински производ. Еден ден тоа ќе ѝ треба на Австралија, Велика Британија и Јапонија. Затоа што, верувајте ми, Кина ќе тргне по Тајван, а Северна Кореја по Јужна Кореја. Наивно мислев дека Русите ќе се откажат. Сега знаеме подобро – вели Камишин.
На вечерата се собраа луѓе со слично убедување – енергични и иновативни, подготвени да ѝ помогнат на Европа да ги реши проблемите.
Меѓу нив беше и Олександар Пертовски, новиот шеф на Украинските железници, кој, како и Камишин, дојде од приватниот сектор, каде што работеше за ДХЛ во Сингапур.
„Кога ќе завршиме со војната, ќе ви ги решиме проблемите со снегот на шините и лисјата на шините“, се пошегува тој.
Највпечатлива фигура на вечерта беше Серхиј Волински, 32-годишен војник и воен херој, чиј пиштол вметнат во појасот е единствениот знак на неговата професија. За време на опсадата на Мариупол во 2022 година, тој водел 500 војници од челичарницата Илич кон Азовстал, каде што дале очајнички отпор пред да се предадат. По четири месеци во заробеништво, тој беше разменет и прогласен за херој на Украина, што е највисока државна награда.
Во Велика Британија немаат никој што му е рамен. Тој е воен талент кој може да тренира војници ширум светот – вели Камишин
Според него сите очекуваат дека САД ќе ја намалат поддршката, но, според него Трамп сака договори.
– Мојот претседател исто така сака договори. Ќе најдат заеднички јазик – посочува Камишин.