ТРАМП И СИ ПРЕСЕКОА: Крај на трговската војна меѓу Кина и САД

Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

Кина и САД се вратија на „вистинскиот пат” кон постигнување трговски договор, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по состанокот со кинескиот претседател Си Џинпинг во Осака.

Како што пренесуваат светските агенции, Трамп и Си постигнале договор „за нов прекин на огнот” во трговската војна, која трае една година.

САД и Кина се договорија да ги „рестартираат” разговорите за трговија, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа, по состанокот на двајцата лидери на самитот Г-20 во Осака.

Според Ксинхуа, Вашингтон нема да воведе нови санкции на увоз на кинеска стока.

Трамп изјави дека тој и Си во Осака имале „многу, многу добар состанок”, кој излегол подобар од што се очекувало.

Пред состанокот американскиот претседател рече дека е отворен за трговски договор со Си, кој би бил „монументален”.

– Мислам дека сме многу блиску – рече Трамп.

Самитот Г-20 во Осака е неформален форум на кој присуствуваат шефови на влади или држави од 19 најразвиени земји во светот и Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот