ТРАМП И СЕ ЗАКАНУВА НА КИНА: Или ќе постигнеме договор, или следуваат нови царини

Фото: EPA / Shawn Thew

Американскиот претседател Доналд Трамп, рече дека ќе и наметне дополнителни царини на Кина ако не биде постигнат трговски договор со кинескиот претседател Си Џинпинг.

– Ќе наметнеме дополнителни царини, многу значајни царини, ако не се постигне договор – се закани Трамп во интервју за Фокс бизнис нетворк.

Тој додал дека договор би можел да се постигне на самитот Г-20 во Јапонија овој викенд.

Трамп во интервјуто исто така порача и дека Кина е запозната со барањата на САД, кои би овозоможиле постигнување на трговски компромис.

Планот на лидерот на САД е да го ограничи тргувањето со Кина во случај да не биде постигнат договор со Пекинг.

Запрашан за компаниите кои своите производства ги преселиле од Кина во Виетнам, Трамп порачал дека Виетнам е полош кон САД отколку Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот