Трамп и Путин разговараа за самитот на Г7 и нафтата

Путин им се заблагодари на САД за респираторите кои и беа доставени на Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за неговата идеја да се одржи самитот на Г7 и можноста да ги покани лидерите водачите на Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја да присуствуваат на самитот, соопшти Кремљ.

Според соопштението на Кремљ, телефонскиот разговор бил направен по иницијатива на САД.

Лидерите на двете земји ја истакнаа важноста за унапредување на руско-американскиот дијалог за прашањето на стратешката стабилност и мерките за изградба на доверба во воената сфера, се додава во документот.

– Договорено е да се одржуваат контакти на различни нивоа, додаде Кремљ.

Во соопштението се истакнува дека Путин и Трамп разговарале и за енергетиката, вселенската соработка и борбата против коронавирусот.

Прочитајте и...  Пуштени дома насилниците кои претепаа девојка во Штип

Путин им се заблагодари на САД за респираторите кои и беа доставени на Русија.

Тој, исто така му честиташе на Трамп за успешното лансирање на вселенското летало „Кру Драгон” на 30 мај, со кое американските астронаути стигнаа до Меѓународната вселенска станица.

– Потврдена е взаемната посветеност за развој на заемно корисна соработка во вселената, се додава во соопштението.

Трамп и Путин разговараа и за ситуацијата на глобалниот пазар на нафта, имајќи го предвид договорот потпишан од членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и други земји извознички на нафта.

Двајцата лидерите истакнаа дека мултилатералниот договор е постигнат со нивна активна поддршка и оти со него постепено се оживува побарувачката на нафта и се стабилизираат цените.

Прочитајте и...  Британски научници: Секој треба да носи маска кога ќе излезе од дома

Кремљ во соопштението додава дека телефонскиот разговор бил „конструктивен, претежно посветен на економијата и важен”

Прочитај повеќе

Атанасов од АХВ: Граѓаните кои се сомневаат дека имаат труење со храна веднаш да пријават, за да се излезе на терен и да се земат примероци (ВИДЕО)

Слободен печат

Француските научници заклучија: Сезонските коронавируси не ги штитат децата од Ковид-19

Слободен печат

Турција спречи обид за шверцување на 276 мигранти

Слободен печат

Загрижувачка ситуација за 74.000 вработени: Намалена потрошувачката на сладолед во Италија

Слободен печат

СЗО го разгледуваат отвореното писмо од научниците за нови препораки за заштита од коронавирус

Слободен печат

Градоначалничката на Атланта е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Слободен печат

Британската амбасадорка во Црна Гора запрепастена: Минувач намерно кашлаше во нас

Слободен печат

Заев: Забегуваат политичарите после два мандати, долгото седење во власта направи богови од ДУИ (ВИДЕО)

Слободен печат

Ендрус: Мелбурн повторно под карантин, ситуацијата е покомплицирана од претходно

Слободен печат

ГДУ: Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Слободен печат

Забраната за летови меѓу Грција и Србија до 15 јули

Слободен печат