Трамп им порача на Јапонците дека нема подобро време за инвестирање во САД

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп ги охрабри јапонските бизнисмени да ги зголемат инвестициите во Америка и објасни дека ќе се позанимава со трговскиот дебаланс меѓу САД и Јапонија, како и дека ќе обезбеди праведност и реципроцитет.

Трамп пристигна во Јапонија денеска на голема церемонијална прослава, која треба да покаже постоење на силни врски меѓу Вашингтон и Токио, и покрај зголемените трговски тензии меѓу двете земји.

Тој се обрати на група бизнисмени, објаснувајќи им дека никогаш немало подобро време за инвестирање во САД.

Премиерот Шинѕо Абе ќе го прими Трамп на царскиот банкет.

САД се во скапа трговска војна со Кина, а странски медиуми наведуваат дека се „крчкаат” и тензии со Јапонија и со ЕУ.

Се очекува Трамп и Абе за време на самитот в понеделникот, да разговараат за трговија, но официјални лица се скептични за можноста за договор.

Трамп ќе биде прв странски лидер, кој ќе биде приме од новиот јапонски цар Нарухито, кој го наследи тронот овој месец. Тој го цитираше Абе, велејќи дека тој е почесен гостин на Јапонија, „Има само еден почесен гостин”, истакна Трамп.

-Јас сум почесен гостин на најголемиот настан, кој тие го имаат во последните 200 години, додаде Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот