Трамп и Нетанјаху разговараа за договор за взаемна одбрана

Амриканскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за можен договор за взаемна одбрана на двата народа. Потегот може да ја засили актуелната кандидатура на Нетанјаху за реизбор на функцијата на само неколку дена пред Израелците да излезат на гласачките места, пренесуваат британските медуми.

„Разговарав со премиерот Нетанјаху за можноста да се тргне напред кон договор за взаемна одбрана меѓу САД и Израел, што дополнително ќе го завцврсти огромниот сојуз меѓу нашите две земји”, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде дека се радува на продолжувањето на нивниот разговор подоцна овој месец на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп со твит дека Израел „никогаш немал поголем пријател во Белата куќа”, додавајќи дека се радува на средбата во ОН „ за да се унапреди историскиот договор за одбраната меѓу САД и Израел”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот