Трамп и Мицотакис на средба во Њујорк

Геополитичките случувања во Источниот Медитеран и привлекување американски инвестиции во Грција, според грчката новинска агенција АНА-МПА, се очекува да бидат темите за кои ќе разговараат претседателот на САД, Доналд Трамп и премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба во Њујорк, jави дописничката на МИА од Атина.

На маргините на самитот на ОН за климатските промени, Трамп и Мицотакис, во 18.30 часот по локално време ќе ја одржат нивната прва средба, на која на почетокот, според истите информации, ќе присуствуваат и сопругите на американскиот претседател и грчкиот премиер.

„Освен традиционалните врски меѓу двете земји, постојат теми од посебен интерес, а Грција одново влегува во радарот на американските инвеститори, спомена извор од владата, а големи компании веќе покажаа интерес“, објави грчката новинска агенција.

Кирјакос Мицотакис, ќе присуствува и на приемот организиран од претседателот на САД за странските лидери кои учествуваат на самитот на ОН.

Според информациите на АНА-МПА, отворена е можноста, грчкиот премиер, денес да се сретне и со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, доколку обврските им го дозволуваат тоа и постои слободен термин. Во спротивно, првата нивна средба, ќе се одржи утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот