Трамп и Меркел заеднички ќе ги решаваат проблемите во Либија и Западна Африка

Американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел денеска накратко разговараа за ситуацијата во Либија и Западна Африка, соопшти портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

– Претседателот Трамп и канцеларката Меркел се повлекоа од останатите и имаа куса средба од околу 10 минути – рече Сандерс, додавајќи дека се договориле подетално да разговараат на Самитот на Г20, кој ќе се одржи во Јапонија подоцна месецов.

Трамп и Меркел присуствуваа на прославата на 75-годишнината од Денот Д во Портсмут, а американскиот претседател по завршувањето на тридневната посета на Велика Британија, отпатува за Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот