Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Сирија и Либија

Турскиот и американскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и Доналд Трамп телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и Либија, изјави претставник на администрацијата на Ердоган за РИА Новости.

– Нашиот претседател оствари телефонски разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп. Двајцата разговараа за ситуацијата во Сирија и Либија, а се осврнаа и на регионалните прашања, изјави претставникот на администрацијата.

Тој додаде дека Ердоган жали за нападот врз американските безбедносни сили во Ирак и дека изразил задоволство од прекинувањето на нападите врз американската амбасада во Багдад.

– Двајцата лидери ја истакнаа важноста за решавање на регионалните прашања преку дипломатски средства и се согласија да ја засилат соработката за постигнување  меѓусебни цели во билатералните односи, додаде претставникот во администрацијата на турскиот лидер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот