Трамп: Гренел ќе остане задолжен за дијалогот меѓу Белград и Приштина бидејќи е многу добар во таа работа

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека амбасадорот Ричард Гренел ќе остане специјален пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, оценувајќи дека тој „многу добро“ ја врши таа работа.

Трамп тоа го изјавил за Глас на Америка одговарајќи на прашањето како Гренел ќе врши три работи одеднаш: амбасадор во Германија, вршител на должноста шеф на националните разузнавачки служби и специјален пратеник за Белград и Приштина.

– Амбасадорот ќе продолжи да ја врши таа работа, бидејќи многу добро го прави тоа. Добро ги знае функционерите, направи фантастична работа во двете земји, рекол Трамп.

Тој нагласил дека Гренел ја има неговата „целосна доверба“ и постигнува „неверојатни договори“.

Трамп разговарал со новинарите пред да замине на пат кон Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот