Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања

На почетокот на април поранешниот потпретседател имаше предност во просек од 3,4 отсто.

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го смени шефот на својата предизборна кампања, Бред Паскал, назначувајќи го Вилијам Степин на неговото место, соопшти самиот синоќа на Твитер.

„Со задоволство објавувам дека Вилијам Степин е унапреден во менаџер на кампањата на Трамп. Бред Паскал, кој веќе некое време е со мене и ја води нашата одлична стратегија за дигитални податоци, ќе продолжи да ја извршува истата улога, но ќе биде висок советник во кампањата “, напиша Трамп.

Трамп додаде дека се надева на „голема и многу важна втора победа” на изборите, бидејќи „неговиот рејтинг рапидно расте и економијата се подобрува”.

Според последните податоци на порталот за политички науки „Real Clear Politics”, поранешниот потпретседател на САД, демократот Џозеф Бајден, води во анкетите пред актуелниот шеф на државата во просек со 8,8 отсто популарност кај гласачите. Неодамна, овој индикатор, што се темели на тековните анкети на јавното мислење од различни организации, остана стабилен во опсег од девет отсто во корист на демократот Бајден. Покрај тоа, Бајден води во „државите што се двоумеа”, каде што нивото на популарност на демократските и републиканските кандидати е традиционално приближно еднакво.

На почетокот на април поранешниот потпретседател имаше предност во просек од 3,4 отсто. Многу експерти веруваат дека мерките преземени од администрацијата во Вашингтон за борба против пандемијата и ширењето немири во земјата, имаат негативно влијание врз рејтингот на републиканецот Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот