Трамп го претстави мировниот план за Блискиот Исток: Ниту Израелците, ниту Палестинците нема да бидат истерани

Наречен „договор на векот“, планот треба да го оконча еден од најдолгогодишните светски судири.

Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток, ветувајќи дека Ерусалим ќе остане израелска престолнина.

Трамп рече дека ниту Израелците, ниту Палестинците нема да бидат истерани од своите домови.
Според американскиот претседател, мировниот план е можеби последна прилика за Палестинците.

Документот, на кој се работеше во тајност, е составен под водство на зетот на Трамп, Џеред Кушнер.

Израел се заблагодари за предлозите, но Палестинците однапред го отфрлија.

Американските медиуми веќе јавија дека планот на Трамп вклучува и размена на територии помеѓу Израел и Западниот Брег и оти Палестина ќе добие делумна автономија.

Наречен „договор на векот“, планот треба да го оконча еден од најдолгогодишните светски судири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот