Трамп го повика Бајден да си поднесе оставка поради состојбата во Авганистан

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и актуелниот Џо Бајден/Фото: Архива на Слободен Печат

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп го повика актуелниот претседател Џо Бајден да поднесе оставка поради случувањата во Авганистан, каде Талибанците ја вратија контролата во државата, пренесува Њујорк Пост.

Трамп во соопштението оценил дека е време Бајден да си поднесе оставка не само поради тоа што се случува во Авганистан, туку и начинот со кој тој се справува со Ковид-19 кризата, уништувањето на енергетската независност на САД и падот на економијата.

Состојбата во Авганистан е крајно нестабилна, откако Талибанците синоќа влегоа и во главниот град Кабул.

Бајден испрати 5.000 војници во Кабул за евакуација на дипломатите

Видео на денот