Трамп го потпиша законот кој предвидува 738 милијарди долари за одбрана, демократите ќе гласаат против

Фото: МИА

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го потпише законот за одбрана, кој предвидува 738 милијарди долари наменети за сè, од семеен одмор на војниците до борбени авиони.

– Вауу, сите наши приоритети влегоа во НДДА: зголемување на платите на нашите војници, изградба на нашата војска, гранична безбедност и вселенски сили – напиша Трамп на Твитер и му порача на Конгресот веќе да не го одложува законот кој тој веднаш ќе го потпише.

Законот за одбрана, познат како НДДА, за да стапи во сила треба да биде одобрен од обата дома на Конгресот. Демократите најавија дека ќе гласаат против.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот