Трамп го потпиша новиот трговски договор со Канада и Мексико

Фото: EPA-EFE/Oliver Contreras

Новиот договор носи умерени промени и се верува дека 1,2 милијарди вредниот трговски промет во Северна Америка во поголемиот дел ќе остане недопрен.

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша ревидираниот трговски договор меѓу САД, Мексико и Канада на церемонија во Белата куќа, нарекувајќи го „огромен напредок“ за земјоделството, произведувачите и автомобилската индустрија, пренесе „Хина“.

– Ова е најголемиот, најправедниот, најбалансираниот и модерен трговски договор кој некогаш е потпишан – никогаш не постоло нешто слично – рече Трамп, поздравувајќи го завршувањето на „ноќната мора околу НАФТА“, досегашниот договор меѓу трите држави во Северна Америка кој беше на сила 26 години.

Договорот уште треба да го ратификува и канадскиот парламент, додека Мексико веќе тоа го направи, пишува „Ројтерс“.

Истата агенција пишува дека новиот договор носи умерени промени и дека 1,2 милијарди вредниот трговски промет во Северна Америка во поголемиот дел ќе остане недопрен.

Се предвидува дека новиот договор во 15 години ќе создаде 176 илјади работни места во САД, но не и дека работните места кои се префрлени во Мексико ќе се вратат на американска територија.

Една од најголемите промени во новиот договор е зголемувањето на процентите на автомобилски делови во возилата кои мораат да бидат произведени во регионот, од 62,5 отсто на 75 отсто.

Најмалку 40 до 45 отсто од производството мора да се одвива во подрачјата со „високи плати“ во кои работниците примаат најмалку 16 долари по час. Целта на оваа мерка е да се забави преселувањето на индустријата во Мексико во кое работната сила е поефтина. На возилата кои не ги задоволуваат овие критериуми ќе бидат применети американски царини, пренесува „Ројтерс“.

Со новиот договор, меѓу другото, Канада на САД ќе им овозможи пристап на околу 3,5 отсто од 16 милијарди вредниот пазар на мкечни производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот