Трамп го ограничи приемот на бегалци во САД на рекордно ниско ниво

Доналд Трамп / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека земјата следната година ќе прифати рекордно ниско ниво од не повеќе од 15.000 бегалци, и покрај растечкото раселување низ целиот свет, зајакнувајќи ја својата цврста позиција еден месец пред изборите.

Стејт департментот го објави бројот само половина час пред почетокот на фискалната 2021 година, исполнувајќи го рокот утврден со американскиот закон, по критиките од американскиот Конгрес.

Бројот од 15.000 бегалци, максимумот што може да се дозволи во следните 12 месеци, освен ако не дојде до промена во администрацијата, е дополнително намалување за 18.000 бегалци од минатата година и драстично намалување на над 100.000 бегалци во времето на поранешниот претседател Барак Обама.

Трамп веќе неколку месеци годинава целосно престана да прифаќа бегалци, оправдувајќи ја својата одлука со пандемијата на Ковид-19.

Објаснувајќи го предложениот нов број бегалци, за кој е потребно официјално одобрување од Белата куќа, Стејт департментот објасни дека САД сакаат да им помогнат на раселените лица „што е можно поблиску до нивните домови”, сè додека не можат да се вратат.

– Се фокусираме пред сè на ставање крај на конфликтите што водат до раселување и обезбедување странска хуманитарна помош за заштита и помош на раселените лица. Со тоа можеме да ги спречиме дестабилизирачките ефекти од ваквото раселување врз погодените земји и нивните соседи, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот