Трамп го обвини Бајден за военото напредување на талибанците во Авганистан

Џозеф Бајден. Доналд Трамп. / Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го обвини неговиот наследник во Белата куќа, Џо Бајден дека е виновен за военото напредување на Талибанците во Авганистан, оценувајќи дека сегашната ситуација во таа земја е „неприфатлива“.

„Да бев претседател сега, светот ќе знаеше дека го реализираме повлекувањето од Авганистан под одредени услови“, изјави Трамп

„Тоа би било многу поинакво повлекување и многу поуспешно, а Талибанците го знаеја тоа подобро од кога било“, додаде тој.

Тој рече дека лично разговарал со талибанските водачи кои разбрале дека тоа што го прават сега нема да се толерира.

Талибанците го зазедоа стратешкиот град Газни, 150 километри југозападно од Кабул и се приближуваат кон авганистанската престолнина, откако за неколку дена ја зазедоа речиси целиот северен дел од земјата.

За време на владеењето на Трамп, САД потпишаа договор со Талибанците на 29 февруари 2020 година, според кој Вашингтон се обврза да ги повлече сите американски војници од Авганистан пред 1 мај 2021 година.

За возврат, Талибанците ветија дека ќе започнат мировни преговори со авганистанската влада и дека ќе се воздржат од напади на американските сили и нивните интереси во Авганистан и ќе ги прекинат сите врски со Ал Каеда.

По потпишувањето на тој договор, администрацијата на Трамп значително го намали американското воено присуство во Авганистан и се обврза дека ќе го почитува рокот до 1 мај за целосно повлекување од земјата.

Намалувањето на бројот на американски војници во Авганистан продолжи по изборите во ноември, а кога Бајден ја презеде функцијата на 20 јануари, само 2.500 американски војници и 16.000 цивилни лица останаа во земјата.

Бајден ја прекина операцијата за повлекување по пристигнувањето во Белата куќа за да си даде време да ја анализира ситуацијата, а во април потврди дека Американците целосно ќе се повлечат.

Датумот првично беше преместен на 11 септември, а подоцна до 31 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот