ТРАМП го „натера“ ЕДИ РАМА да облече чевли (ФОТО)

Фејсбук

Албанскиот премиер Еди Рама во рамките на неговиот претстој во САД, се сретнал со американскиот претседател Доналд Трамп.

Самиот Рама објави фотографија на неговиот профил на Фејсбук, во која тој со неговата сопруга Линда Рама се во друштво на парот Трамп, Доналд и Меланија.

Но од објавената слика која Рама ја нарече “Фотографија на Денот”, се гледа дека албанскиот премиер по се одлучил да го смени неговиот познат аутфит. Тој се појавува со темен костум, комбиниран со портокалова кравата, но тоа што му недостасува се дефинитивно неговите препознатливи бели “старки”. Рама по се изгледа одлучил кај Трамп да се појави со класични чевли.

Инаку, Рама се наоѓа веќе неколку дена во Њујорк, каде се оддржува 74-то заседание на Обединетите нации.

Фејсбук
Фото: Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот