Трамп го нарече Бајден глупав и побара извинување за анти-ваксерската реторика

epa08615435 US President Donald J. Trump's speaks at a campaign stop at the Miriotti Building Products Factory in Old Forge, Pennsylvania, USA, 20 August 2020. The Trump campaign plans numerous stops in the seven 'Rust Belt' states. EPA-EFE/Peter Foley

Критичарите го обвинуваат Трамп за нарушување на угледот на научниците за време на кризата.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој од демократскиот противник, Џо Бајден, беше обвинет за загрозување на животите на Американците заради управувањето со корона кризата, својот политички и изборен ривал го нарече „глупав” и побара да му се извини за наводната анти-ваксерска реторика.

Трамп, кој според анкетите заостанува зад Бајден во претседателската трка, остро ги нападна Бајден и неговиот кандидат за потпретседател, Камала Харис.

Трамп најави дека вакцината за коронавирус ќе биде подготвена за употреба во рекордно време, можеби пред изборите, покренувајќи го прашањето дали политичкиот притисок може да доведе до употреба на вакцината пред да се потврди дека е безбедна, пренесуваат британските медиуми.

Во врска со ова прашање Харис изјави дека нема да му верува на Трамп кога станува збор за вакцина пред изборите, додека Бајден, критикувајќи го одговорот на Трамп на коронската криза, ги повика Американците да ги слушаат научниците.

Критичарите го обвинуваат Трамп за нарушување на угледот на научниците за време на кризата.

Говорејќи на прес-конференција пред Белата куќа, Трамп рече дека Бајден и Камала Харис можат да ја уништат земјата и економијата и истакна дека треба веднаш да се извинат за реториката против вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот