Трамп го нападна Болтон: Молеше за функција за која не треба потврда од Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп, најжестоко досега го нападна неговиот поранешен советник за национална безбедност, Џон Болтон откако тој рече дека Трамп имал улога во политички мотивираната кампања за притисок врз Украина.

Во меѓувреме, денеска Сенатот се подготвува да влезе во нова фаза од отповикувањето на Трамп.
Трамп го нападна Болтон на Твитер, велејќи дека тој пред неколку години молел за функција за која не треба потврда од Сенатот.

Американскиот претседател напиша и оти доколку го слушал Болтон, досега би се случил Шестата светска војна. Според него, откако Болтон ја напуштил функцијата, веднаш напишал „гнасна и невистинита книга“.

Според американските медиуми, книгата на Болтон содржи строго доверливи информации и поради тоа не може да излезе во јавност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот