Трамп го именуваше Биган за следен заменик државен секретар

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше специјалниот претставник за Северна Кореја, Стивен Биган, ветеран на американската надворешна политика, за следен заменик државен секретар.

Неименуван американски функционер кажа дека Биган ќе ги задржи своите задолженија во дипломатијата со Северна Кореја.

Тој ќе го замени Џон Саливен на втората позиција во Стејт департментот. Британските медиуми пренесуваат дека Саливен е именуван за нов амбасадор во Русија.

Номинацијата на Биган ужива широка поддршка меѓу високите дипломати, а тој се смета и за најсоодветниот кандидат за наследник на државниот секретар, во случај Мајк Помпео да одлучи да се повлече од функцијата и следната година да се кандидира за место во Сенатот.

Биган (56) ги водеше разговорите со Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што од февруари се во застој по вториот неуспешен самит меѓу Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот