Трамп ги продолжи препораките за физичко дистанцирање за 30 дена, досега регистрирани 137.000 заболени

ФОТО: ЕРА

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја продолжи препораката за социјално (физичко) дистанцирање низ целата земја за 30 дена, откако експертите предупредија на опасноста од ширење на новиот коронавирус.

Првите 15 дена од препорачаната социјална дистанца изминуваат денеска.

Препораките ќе важат и за Велигден, кој паѓа на 12 април, до кога Трамп се надеваше дека земјата и нејзината економија ќе продолжат да функционираат со полн капацитет..

Многу државни и локални самоуправи воспоставија строги контроли на движењата и собирите на граѓаните.

Препораки на сојузно ниво се однесуваат на собири на поголеми групи, а на постарите лица или на оние со хронични здравствени проблеми им се советува да останат дома. Од луѓето е побарано да работат од дома ако е можно и да избегнуваат ресторани, барови и патувања и шопинг.

Милиони Американци ќе бидат заразени со коронавирус,  а во САД може да умрат меѓу 100.000 и 200.000 лица, изјави претходно водечкиот епидемиолог во САД, Ентони Фаучи, а на вчерашната прес конференција, според Си-Ен-Ен, Трамп  кажал дека доколку бројот на жртви биде помал од 100 илјади, тогаш ќе значи дека „ е направена добра работа”.

Трамп, кој планираше да ги намали бројот на препораки барем во деловите од земјата кои се помалку погодени од пандемијата, сепак, одлучи да ја продолжи мерката за социјално дистанцирање, со што премолчено призна дека бил преголем оптимист, пренесоа американските медиуми.

Препораките ќе важат и за католички Велигден, што во САД се одбележува на 12 април, до кога Трамп се надеваше дека земјата и нејзината економија повторно ќе почнат да функционираат под полна пареа.

Многу сојузни држави и локални влади воведоа строги контроли за движење и собирања на граѓаните.

Во САД досега се регистрирани на 137.000 заболени од коронавирус , а умреа повеќе од 2.400 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот