Трамп ги повика Русија и Кина да соработуваат во контролата над вооружувањето

Претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод одбележувањето на 75 – годишнината од првиот нуклеарен тест во САД во рамките на проектот „Тринити”, повторно ги повика Русија и Кина да соработуваат во областа на контролата над вооружувањето, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Идната контрола над вооружувањето мора да содржи такви мерки за подобрување на безбедноста на Америка и нашите сојузници што се подложни на контрола и дека се почитуваат. Уште еднаш ги повикувам Русија и Кина да ни се приклучат во овие напори, да работиме заедно за да го направиме светот побезбеден и да спречиме нова трка за вооружување, се вели во изјавата објавена синоќа на веб-сајтот на Белата куќа.

Трамп подвлече дека поседувањето нуклеарно оружје е од полза во обезбедување на националната безбедност како на САД така и онаа на сојузниците. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот