Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит” во САД

Лидерите на седум од десет земји-членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисочна Азија (АСЕАН) не присуствуваа на Самитот АСЕАН.

Американскиот претседател Доналд Трамп не присуствуваше на Самитот што се одржува од 2 до денеска во главниот град на Тајланд, Бангкок, а не испрати ниту потпретседател, ниту државен секретар. Американската делегација на Самитот е предводена од советникот за национална безбедност Роберт О’ Брајан.

Според регионалните набљудувачи тоа е нетипично за САД.

На денешната среда учествуваат само тројца лидери – премиерот на Тајланд, која оваа година претседава со АСЕАН, на Виетнам и на Лаос. Другите земји-членки на АСЕАН – Сингапур, Малезија, Индонезија, Брунеј, Камбоџа, Мјанмар и Филипини се претставени од министрите за надворешни работи.

О’Брајан денеска прочита писмо од претседателот Трамп, во кое тој ги кани лидерите на АСЕАН да ги посетата САД на „специјален самит” на почетокот на следната година.

САД на минатиот самит на АСЕАН беше претставен од потпретседателот Мајк Пенс, додека годинава со О’Брајен во Бангкок допатува министерот за трговија Вилбур Рос.

АСЕАН ја сочинуваат Индонезија, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Брунеј, Малезија, Филипини, Сингапур и Виетнам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот