Трамп: Европските земји да ги преземат своите заробеници од ИД

Фото: ЕПА

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги предупреди Франција и Германија, како и другите европски држави, дека, доколку не ги преземат своите државјани кои како борци на Исламска држава биле заробени од Американците и нејзините сојузници, САД ќе бидат присилени да ги вратат во земјите од кои дошле.

САД и нејзините сојузници, кажа Трамп, во заробеништво држат „илјадници” борци на Исламска држава откако ја присилија оваа терористичка организација да ги предаде своите последни упоришта во Сирија, но и додаде дека нема да ги држи во американската база Гвантанамо на Куба, „во следните 50 години и тоа да го плаќа”.

Затоа, јасно порача Трамп, европските земји ќе треба да ги преземат своите државјани кои се заробени како поранешни борци на ИД, наведуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот